Едукативни видеа

Видеата се најбрзиот и најинтересен начин за совладување на комплексни теми. Во оваа секција ќе најдете внимателно подготвени наставни видеа по биологија и хемија, кои на едноставен и јасен начин ги објаснуваат најважните поими и процеси. Секое видео комбинира визуелни прикази, графики и практични примери за да се олесни разбирањето и паметењето. Содржината е усогласена со наставната програма за средно образование, но воедно е корисна и за натпреварувачи и љубопитни ученици. Целта е да се доближи науката до секој ученик и да се претвори учењето во инспиративно искуство.

youtube.com2025-08-20 09:43:26

Како комуницираат невроните

Во ова видео се објаснува начинот на кој невроните – нервните клетки – ја пренесуваат информацијата во мозокот и телото. Видеото дава јасна слика за тоа како милијарди неврони постојано соработуваат за да овозможат функционирање на нервниот систем.
youtube.com2025-08-20 09:41:19

Човечкиот дигестивен систем – Како функционира!

Во ова видео детално се објаснуваат сите органи на човечкиот дигестивен систем и нивното функционирање. Видеото на јасен и визуелен начин покажува како овие органи соработуваат за да овозможат варење и апсорпција на хранливите материи.
youtube.com2025-08-20 09:35:29

Боров модел на атомот

Боровиот модел на атомот, предложен од данскиот физичар Нилс Бор во 1913 година, претставува значаен напредок во разбирањето на атомската структура.Боровиот модел ја внесе идејата дека електроните се движат во одредени енергетски нивоа (орбити) околу јадротo.
youtube.com2025-08-20 09:32:55

Кратка историја на атомот | Од Демокрит до квантната механика | Атомски модели

Дали е можно еден објект да се дели на сè помали и помали делови засекогаш? – Ова прашање довело до појавата на нов концепт во науката, познат како Атомска теорија. Во ова видео е објаснет развојот на атомската теорија низ различни историски периоди.
youtube.com2025-08-20 09:30:17

Хемиски врски – Јонски наспроти ковалентни врски

Во ова кратко, двоминутно анимирано видео се објаснува Октет правилото и разликата помеѓу јонските и ковалентните врски. Ќе дознаеш како атомите се стремат да ја пополнат својата надворешна електронска обвивка и на кој начин тоа влијае врз начинот на нивното врзување.
youtube.com2025-08-20 09:27:42

Водородни врски – Што се водородни врски и како се формираат?

Во ова видео се објаснуваат водородните врски, еден од најважните типови на слаби хемиски врски. Ќе дознаеш како се формираат, кои елементи најчесто учествуваат во нив и зошто тие имаат големо значење во биологијата и хемијата.
youtube.com2025-08-20 09:23:06

Што претставува pH скалата

Научи ги основите за pH скалата, универзалниот индикатор и лакмус хартијата. Индикаторите се супстанции кои ни кажуваат дали некоја средина е кисела, базна или неутрална. Тие ја менуваат бојата во зависност од условите.
youtube.com2025-08-20 09:18:59

Преглед на органски соединенија

Сите органски соединенија содржат јаглерод. Со други зборови, сите живи организми содржат јаглерод. Но, што е толку посебно кај елементот јаглерод? Пред сè, ниту еден друг елемент не може да се спореди со уникатната способност на јаглеродот да се врзува со други елементи.
youtube.com2025-08-16 15:37:17

Циркулаторен систем на човекот

Човечкиот циркулаторен систем, познат и како кардиоваскуларен систем, е составен од срцето, крвните садови (артерии, вени и капилари) и крвта. Неговата функција е да доставува кислород и хранливи материи до ткивата во телото, додека истовремено отстранува отпадни производи.
youtube.com2025-08-16 15:21:15

Процес на мејоза во растителни и животински клетки

Во ова видео преку анимација е објаснет процесот на мејоза – вид на клеточна делба со која се создаваат полови клетки (гаметите) кај растенијата и животните. Ќе научите како една клетка со диплоиден број хромозоми се дели и формира четири клетки со хаплоиден број хромозоми.
youtube.com2025-08-16 15:14:18

CRISPR технологија– уредување на гени

Ова видео прикажува како CRISPR-Cas9 системот не само што овозможува уредување на гени преку сечење на ДНК, туку и отвора многу нови можности. Ќе научите како CRISPR може да ја контролира експресијата на гени, да обележува специфични секвенци и да се користи во напредни биолошки истражувања.
youtube.com2025-08-16 15:09:14

Пренос на генетска информација: Од ДНК до протеин (3D анимација)

Во ова образовно видео преку 3D анимација е прикажан процесот на синтеза на протеини во клетката. Ќе видите како генетскиот код од ДНК се користи за да се создадат протеините – основни молекули за структурата и функцијата на живите организми.
youtube.com2025-08-16 15:04:03

Репликација на ДНА

Визуелна 3D анимација што јасно објаснува како се одвива процесот на репликација на ДНК во клетката. Прикажано е одвојувањето на двете нишки од ДНК-спиралата и нивното копирање со што настануваат две идентични ДНК молекули.Овој видео материјал им помага на учениците полесно да го разберат сложениот.
youtube.com2025-08-16 14:47:02

Биологија: Структура на клетката

🔬 Во ова едукативно видео ќе откриеш како изгледа и функционира клетката – и растителна и животинска. Ќе се запознаеш со јадрото, ДНК, митохондриите, рибозомите, цитоплазмата, клеточната мембрана, хлоропластите и многу други органели.
🏠