Интервју — Марија Деркоска

Медицински факултет при УКИМ

Фотографија
Фотографија.
Категорија: Интервјуа со ученици
Проект: BioChemCode — Наука со твој код за успех

Во продолжение следи целосниот разговор, структуриран во прашања и одговори.

1

#Слоганот на BioChemCode е „Наука со твој код за успех“. Што претставува твојот личен код за успех и како биологијата/хемијата ти помага да го отклучиш?

Љубовта кон биологијата ме научи да целам кон максимум и тоа денес ми е мотивација на студии. Мој „код“ е: многу љубов и посветеност + голем напор и работа.

2

#Ако на пријател треба да му објасниш зошто науката е „кул“, кои три зборови би ги избрал/а?

  • Креативност
  • Различност
  • Иновативност
3

#Животот започнува од клетка. Кој дел од клетката најмногу те фасцинира и зошто?

Тоа би било ДНА. Неверојатно е како нешто толку мало носи инструкции за целото живо битие.

4

#Хемијата е уметност на трансформации. Кој експеримент остави најголем впечаток?

Синтеза на аспирин — чисто, логично и ефектно.

5

#Ако имаш можност за големо откритие — во која област?

Поврзување на генетика и хирургија за попрецизна генска терапија.

6

#Кој час/искуство ти остана најврежано?

Дисекција на срце, бели дробови и бубрези — потврда дека медицината е мој избор.

7

#Како би го опишал/а пристапот на професорката?

„Љубовта кон предметот се пренесува.“

Со несебичност и конзистентност ја пренесуваше таа љубов кон биологијата.

8

#На кој начин те инспирираше да ја засакаш биологијата/хемијата?

Ја покажа како мозаик од поврзани делови што заедно прават смисла.

9

#Совет или метод што ќе го паметиш?

Посветеност + труд + радост во процесот = одржлив успех.

10

#Ако приказната е филм или песна — кој наслов?

The Secret Life of Cells — затоа што микросветот е главниот лик.

© 2025 · BioChemCode — Наука со твој код за успех