Интервју — Уна Цветковска
American College of Thessaloniki
American College of Thessaloniki
Во продолжение следи целосниот разговор структуриран во прашања и одговори. Секое прашање има сопствен линк за лесна навигација.
Мојот личен код за успех е љубопитност и дисциплина.
Верувам дека вистинскиот напредок доаѓа кога постојано прашуваш, истражуваш и не се задоволуваш со површни одговори, туку навлегуваш подлабоко и бараш вистинско разбирање.
Во биологијата и хемијата токму овие особини се клучни, бидејќи секоја појава може детално и на повеќе начини да се објасни и затоа бара да се навлезе подлабоко и љубопитноста да е постојано присутна.
Овие две науки ме учат на аналитичко размислување, на поврзување на познатото со новото, и дека зад секој феномен постои логика и објаснување.
Мистериозна, моќна, возбудлива.
Најмногу ме фасцинираат лизозомите — „чистачите“ на клетката.
Во нив се наоѓаат ензими што разградуваат непотребни материи и оштетени органели, со што ја одржуваат клетката функционална.
Мене ми е тоа уникатно бидејќи покажува колку клетката е паметна и комплексна.
Експериментот “Elephant Toothpaste”.
Со едноставни состојки — водороден пероксид, сапун и катализатор — се создава огромна пена што „еруптира“ како вулкан.
Ова ја покажува магијата на хемијата: од едноставно до спектакуларно.
Во биотехнологијата: безбеден метод за успорување или делумно запирање на стареењето на клетките.
Такво откритие би ја забавило староста, би го подобрило здравјето и квалитетот на живот и би спречило болести поврзани со стареење.
Ме фасцинира како мала промена на клеточно ниво може да има огромно влијание врз целиот организам.
Часовите по биологија со дисекции.
Со тие искуства сфатив како теоријата станува пракса и колку полесно се разбира градба и функција кога ја гледаме сложеноста во реалност.
Професорката покажува максимална посветеност кон учениците.
Нејзиниот јасен стил и трпеливост ја прават науката интересна и разбирлива за сите.
Таа посветеност и огромно знаење даваат мотивација да работиме напорно и да се внесеме во науката.
Секогаш покажуваше колку науката е забавна и значајна.
Не само факти, туку и логично објаснување на концептите и нивна примена во секојдневието.
Нејзиниот ентузијазам ме мотивираше постојано да истражувам повеќе за темите што ги учевме.
Дека трудот е секогаш најважен за да се постигне посакуваната цел.
Песната “The Scientist” од Coldplay.
Метафорично ја отсликува љубопитноста и желбата да се разбере светот, постојаното истражување и прашањето „зошто“ — со многу предизвици и грешки, но со љубов и труд на крајот.