ОНЛАЈН НАСТАВА · МАКЕДОНИЈА

Приватни часови по хемија онлајн

Онлајн приватни часови по хемија за ученици низ Македонија. Разбирање на поими, решавање задачи и подготовка за тестови, матура и натпревари.

Пријави се за часЦеновник и пријавување

Од објаснување до самостојно решена задача

Хемијата бара и разбирање на поимите и внимателна примена во задачи. На приватниот час ја разгледуваме темата што ти е потребна, ги разјаснуваме чекорите и вежбаме како да стигнеш до решение. Ученикот активно прашува и работи, со насоки од професорот.

Работа на задачите што ти се тешки

Пред часот подготви ја лекцијата, условите на задачите и твојот обид за решение. Така можеме да видиме дали тешкотијата е во поимите, поставувањето на задачата или пресметката. Решенијата ги разгледуваме чекор по чекор.

Подготовка по хемија според твојата цел

Можеш да се пријавиш за помош со тековниот материјал, подготовка за тест, матура или натпревар. Индивидуалната работа го следи твоето темпо, а во група се работи со ученици со слично ниво и потреби.

Разгледај ги и материјалите за I година, II година, III година и IV година.

Кој ги води часовите?

Проф. Нена Милковски, професор по биологија и хемија. Прочитај за наставниот пристап, искуството и контактот на страницата За нас.

Прашања за онлајн часовите

Каде се одржуваат часовите?

Часовите се целосно онлајн, за ученици од цела Македонија. Нема потреба од патување или физичко присуство.

Колку трае еден час?

Еден час трае 60 минути. Терминот и целите се договараат при пријавувањето.

Дали има интерактивна табла?

Онлајн наставата користи интерактивни материјали и дигитална табла за објаснување и заедничка работа.

Како да се пријавам и каде се цените?

На страницата за пријавување се објавени ценовникот и изборот за индивидуални или групни часови. Испрати барање со предметот, годината и потребите за учење.